МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ДОБИ НОВА МОДЕРНА ЧИТАЛНА, ДОНАЦИЈА ОД СТОПАНСКА БАНКА

    МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ДОБИ НОВА МОДЕРНА ЧИТАЛНА, ДОНАЦИЈА ОД СТОПАНСКА БАНКА

    Стопанска банка АД Скопје ја предаде во употреба новата современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, наменета за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината. Читалната во рамките на Клиничкиот центар зафаќа површина од 120 квадратни метри и уредена е со модуларен мебел.

    Читалната ја предадоа во употреба членовите на Управниот одбор на Стопанска банка, Диомидис Николетопулос и Бојан Стојаноски.

    „Стопанска банка е насочена кон унапредување на условите во локалната заедница на секој начин. Ни претставува огромно задоволство што правиме нешто за иднината на една земја, односно вложуваме во професионалната надградба на идните медицински кадри. Секогаш сме подготвени да излеземе во пресрет на потребите на Медицинскиот факултет, со кој имаме партнерска соработка“, кажа Николетопулос.

    Со отворањето на читалната, Стопанска банка ги заокружи неколкуте донации на Медицинскиот факултет во Скопје, реализирани по повод 80 години постоење на Банката. Покрај читалната, Стопанска банка донираше врвна технологија за Институтот за патологија, односно специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат медицински примероци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира