МЕПСО МОНТИРА ОПТИЧКА МРЕЖА НИЗ ДАЛЕКОВОДИТЕ ЗА ВЛЕЗ НА ТРЕТ МРЕЖЕН ОПЕРАТОР И НОВИ ПРОВАЈДЕРИ ЗА ИНТЕРНЕТ

    МЕПСО МОНТИРА ОПТИЧКА МРЕЖА НИЗ ДАЛЕКОВОДИТЕ ЗА ВЛЕЗ НА ТРЕТ МРЕЖЕН ОПЕРАТОР И НОВИ ПРОВАЈДЕРИ ЗА ИНТЕРНЕТСо монтажата на оптичката мрежа во системот на далеководи на МЕПСО се овозможува секој граѓанин да има пристап до интернет со брзина од најмалку 30 мегабајти во секунда. - Работник на далекувод (Фото: СДК.МК)

    Државната компанија за пренос на струја МЕПСО почна со монтажа на оптичка мрежа во далеководните системи со цел постабилен и побрз проток на сигнали и податоци. Станува збор за инвестиција од еден милион евра со што ќе се постави оптичката мрежа на 12 далеководи во должина од 200 километри и ќе заврши до ноември идната година. На овој начин како што кажа директорот на МЕПСО Сашо Василевски се отвора можност за побрз интернет за домаќинствата и јавните институции, а овие денови ќе биде распишан тендер за набавка на телекомуникациска опрема.

    „Сакам да ја најавам новата инвестиција од 5 милиони евра во делот на телекомуникациите и во следните десетина дена ќе се распиша тендер за таа намена. Овој оптички кабел ќе значи и придобивки за МЕПСО, но и за сите останати јавни институции судови, училишта, државни органи да имаат брз и стабилен интернет“, ијзави директорот на ова институција Сашо Василевски.

    Со монтажата на оптичката мрежа во системот на далеководи на МЕПСО се овозможува секој граѓанин да има пристап до интернет со брзина од најмалку 30 мегабајти во секунда и најмалку 50 проценти од домаќинствата да имаат претплатнички договор за пристап до најмалку 100 мегабајти во секунда.

    „Ова е основа и за привлекување на трет мрежен оператор во земјава како и за друг вид на провајдери кои ќе нудат широкопојасен интернет на граѓаните, но мрежата на МЕПСО е основата за понатамошни инвестиции во ИТ секторот“, кажа министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски.

    В. ТРАЈКОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари