МЕСТО 3 ГОДИНИ И ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ШТО БЕШЕ ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА, СТАМЕНКОВСКИ ОД „ДОКАЗ” ЌЕ ЛЕЖИ ВО ЗАТВОР 2,5 ГОДИНИ, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИЈА

    МЕСТО 3 ГОДИНИ И ЕДЕН МЕСЕЦ КАКО ШТО БЕШЕ ПРВОСТЕПЕНАТА ПРЕСУДА, СТАМЕНКОВСКИ ОД „ДОКАЗ” ЌЕ ЛЕЖИ ВО ЗАТВОР 2,5 ГОДИНИ, ОДЛУЧИ АПЕЛАЦИЈАПравосилно осудениот Стаменковски 6 години нема да смее да регистрира домен. (Фото: СДК.МК)

    Сопственикот на веб-страната „Доказ” Марјан Стаменковски, место 3 години и еден месец, ќе лежи затвор 2 години и шест месеци, откако Апелациониот суд Скопје ја преиначи казната.

    Ги потврди делата за ширење омраза, ксенофобичен материјал и за пиратерија, не ја потврди за делото уцена, па го осуди правосилно на двеипол години затвор.

    Му ја остави паричната казна од 5.000 евра што треба веднаш да ја плати за кривичното дело злоупотреба на лични податоци.

    Стаменковски нема да може 6 години да регистрира портал.

    Апелација во целост ја отфрли жалбата на Обвинителството.

    Но, заглави во обвинителството втората истрага за слични кривични дела сторени од осомничениот Марјан Стаменковски. Јавноста уште чека оваа истрага против Стаменковски да ги објави и нарачателите на гнасната содржина што ја објавуваше на истата веб-страна „Доказ”.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира