МЕСТО ДА КАЖЕ ЧИИ СЕ ДОЖИВОТНИТЕ СТАНОВИ ЗА ИВАНОВ ВО ЏЕВАХИР, АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ЈА ИСПИТУВА СЛУЖБАТА ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ШТО МУ ГИ ПЛАЌА КИРИИТЕ

    МЕСТО ДА КАЖЕ ЧИИ СЕ ДОЖИВОТНИТЕ СТАНОВИ ЗА ИВАНОВ ВО ЏЕВАХИР, АНТИКОРУПЦИСКА ЌЕ ЈА ИСПИТУВА СЛУЖБАТА ЗА ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ РАБОТИ ШТО МУ ГИ ПЛАЌА КИРИИТЕОд Службата за општи и заеднички работи велат дека не му сугерирале за никакви простории на Иванов; - Во неговиот прв претседателски мандат, во февруари 2012, Иванов заедно со тогашниот турски претседател Абдула Ѓул во Истанбул беа кумови на свадбата на Есер Џевахир, синот на Ибрахим Џевахир кој во јули 2012 почна да ги гради кулите „Џевахир скај сити“ во Аеродром. (Фото: ХЛ кулуп)

    Антикорупциската комисија не отвори посебен предмет по допрен глас за сомневањата дека експретседателот Ѓорге Иванов наводно е сопственик на двата стана во Џевахир холдинг и сам на себе си плаќа кирија од средствата што му ги дава државата за доживотна пензија.

    На денешната седница, претседателката Билјана Ивановска кажа дека Комисијата отвора предмет за начинот на кој биле доделувани просториите за двајцата поранешни претседатели: за Бранко Црвенковски, кој користи простории за доживотниот кабинет на улица Огњан Прица и за Иванов, кој од 12 мај 2019 користи два стана на булевар Србија, во Џевахир холдинг.

    „Ќе се испитува дали владината Служба за општи и заеднички работи располага со државни станови и деловни простории и дали таа им ги понудила на двајцата поранешни претседатели или не”, кусо кажа Ивановска.

    САКАМДАКАЖАМ.МК го праша директорот на владината СОЗР Пеце Мирчевски дали Владата му ги понудила на Иванов просториите во Џевахир или му сугерирала за простории.

    „Изборот на просториите е на поранешниот претседател Иванов. Сè што побара, доби. Ние не му сугериравме”, кажа Мирчевски.

    Ист беше и случајот со просториите што ги избра Црвенковски пред 10 години, кога му заврши мандатот.

    Иванов, кој е кум на Есер Џевахир, син на инвеститорот Ибрахим Џевахир кој ги изгради кулите, ќе има 2 канцеларии во една од 42-катниците. Едната, за службените обврски на неговиот кабинет, е на 22 кат, другата за библиотека и состаноци е на 38 кат, а вкупната месечна кирија, неофицијално, е околу 2000 евра. Иванов ќе има пензија во висина на претседателската плата, околу 90.000 денари, кабинет, возач, автомобил, телохранители и три службеници во кабинет. Годишниот буџет за потребите на експретседателот е 105.000 евра. Во неговиот прв претседателски мандат, во февруари 2012, Иванов заедно со тогашниот турски претседател Абдула Ѓул беа кумови на свадбата на Есер Џевахир во Истанбул. Есер Џевахир, директор на „Џевахир холдинг“, а од 2017 и на неговата македонска фирма „Турмак“, лани беше предавач и на Школата за млади лидер на Иванов.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира