МИ СЕ ДОПАЃА ИДЕЈАТА АЕРОДРОМОТ ДА СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ, КАЖА ЗАЕВ

    МИ СЕ ДОПАЃА ИДЕЈАТА АЕРОДРОМОТ ДА СЕ ВИКА КИРО ГЛИГОРОВ, КАЖА ЗАЕВПремиерот Зоран Заев со вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната прес-конференција за предлог буџетот за 2018 година. (Фото: М. Златевска)

    Премиерот Зоран Заев вели дека на прва му се допаѓа идејата на Дипломатскиот клуб скопскиот аеродром „Александар Велики“ да се преименува во „Киро Глигоров“.

    На денешната прес-конференција за предлог буџетот за следната година, Заев беше прашан и за предлогот на дипломатите ветерани аеродромот да го добие името на првиот претседател на независна Македонија.

    „На прва ми се допаѓа идејата. Но, одлуката ќе оставиме да ја донесат граѓаните низ јавна дебата. Мене, како граѓанин, ми се допаѓа“, одговори Заев на новинарско прашање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира