МИЈАЛКОВ ДОБИ ПОМАЛА КАЗНА НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК 2“

    МИЈАЛКОВ ДОБИ ПОМАЛА КАЗНА НА ПОВТОРЕНОТО СУДЕЊЕ ЗА „ТИТАНИК 2“Делото на Мијалков во овој предмет му застарува во април. (Фото: СДК.МК)

    Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков денеска неправосилно е осуден на две години затвор на повтореното судење за предметот „Титаник 2“. Тој беше осуден на три години затвор за кривичното дело Примање награда за противзаконито влијание во март 2019 година на првичното судење, пред Апелациониот суд да ја укине пресудата во декември истата година. Делото на Мијалков му застарува во април.

    Во истиот предмет, Основниот кривичен суд денеска го осуди лидерот на ДПА Мендух Тачи на две години затвор, откако на претходно беше осуден на три години и два месеца. И поранешниот член на ДИК Бедредин Ибраими денеска беше осуден на две години затвор, повеќе од двојно помалку од претходно.

    И останатите обвинети поранешни членови на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анита Стефановска добија по две години затвор.

    Според обвинението на поранешното СЈО, Мијалков во 2013 година нарачал преку Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник Зоран Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира