МИЛЕ БОШЊАКОВСКИ НОВ ПОРТПАРОЛ НА ВЛАДАТА

    МИЛЕ БОШЊАКОВСКИ НОВ ПОРТПАРОЛ НА ВЛАДАТАМиле Бошњаковски доаѓа на местото на Александар Ѓорѓиев, кој беше разрешен на 27 јуни.

    Владата го назначи Миле Бошњаковски за владин портпарол на денешната седница. Тој доаѓа на позицијата од УНФПА (Фонд за население на Обединетите Нации), каде што работеше како специјалист за комуникации и застапување. Бошњковски претходно беше директор на корпоративни Комуникации во македонскиот „Ти-Мобајл“. Како новинар, работеше во Канал 5 и МРТВ.

    „Во интерес на транспарентно и навремено известување за активностите на Владата на Република Македонија, на денешната владина седница беше одлучено Миле Бошњаковски да ја извршува функцијата портпарол на Владата на Р .Македонија. Беше заклучено дека огромното искуство и професионалниот капацитет што Бошњаковски ги поседува во областа на комуникациите, е цврста гаранција за понатамошното транспарентно, навремено и отчетно информирање на граѓаните за активностите на Владата на Република Македонија“, соопштија од Владата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира