МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ПРЕДЛАГА СО СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН ДА СЕ ЗАБРАНИ ГРАДЕЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЦЕНТАР И КАРПОШ ВО НАРЕДНИТЕ 20 ГОДИНИ

    МИНИСТЕРОТ НИКОЛОСКИ ПРЕДЛАГА СО СПЕЦИЈАЛЕН ЗАКОН ДА СЕ ЗАБРАНИ ГРАДЕЊЕ ВО ОПШТИНИТЕ ЦЕНТАР И КАРПОШ ВО НАРЕДНИТЕ 20 ГОДИНИНиколоски смета дека остатокот од државата мора да се развива и не треба да се казнува цела држава поради хаосот во овие две општини. (Фото: Фејсбук)

    Министерот за транспорт и врски Александар Николоски вели дека скопските општини Центар и Карпош се случува урбанистички хаос и предлага да се донесат специјални закони за овие две општини со забрана за градење во следните 20 години.

    Тој смета дека остатокот од државата мора да се развива и не треба да се казнува цела држава поради хаосот во овие две општини.

    „Во општините Центар и Карпош се случуваше и се случува урбанистички хаос. Стојам на располагање да донесеме специјални закони за двете општини на ист начин како што направивме за градот Охрид, да ставиме јасни критериуми по кои ќе се развиваат и да ставиме забрана за градење да речеме во следните 20 години. Но, тоа да не биде лабилен мораториум како што направи Општина Центар, па имаше мораториум за секаде освен за улица ‘Козара’ и за ‘Дајмонд’. Не гледам дека некој во јавноста реагираше што се кренаа четири кули по 25 ката од страна на Лимак, но се реагира за многу други работи. Со овие специјални закони ќе го ограничиме развојот таму, но не може заради две општини во кои се случувал хаос во изминатиот период да ја казнуваме цела држава. Остатокот од државата мора да се развива, народот ни се исели и не смееме да продолжиме да функционираме на тој начин“, рече Николоски на денешната расправа на собраниската Комисија за транспорт за Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за урбанистичко планирање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира