МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ ПО 12 ФЕВРУАРИ КОГА ИСТЕКУВА РОКОТ НА СТАРИТЕ ПАСОШИ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЌЕ ДЕЛИ ВАУЧЕРИ ЗА ДОМАШЕН ТУРИЗАМ ПО 12 ФЕВРУАРИ КОГА ИСТЕКУВА РОКОТ НА СТАРИТЕ ПАСОШИПотврдата за одмор ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за економија годинава ќе подели 3.555 ваучери за домашен туризам на работници со ниски приходи, кажа министерот Крешник Бектеши. Јавниот повик ќе биде објавен во понеделник на 12 февруари, а сите работници кои имаат ниски приходи ќе може да аплицираат за ваучер во вредност од 18.000 денари, додаде министерот за економија. На 12 февруари истекува рокот за промена на пасошите со старото име на државата.

    Бектеши на прес-конференција кажа дека за оваа мерка се обезбедени средства во износ од 64.000.000 денари, а право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не надминуваат нето приход од 50.000 денари.

    Бектеши кажа дека потврдата за одмор ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страната на Министерството за економија..

    „Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година”, кажа министерот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира