МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА ГО ЗГРИЖИ НАПУШТЕНОТО ДЕТЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ВО ОХРИД, ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО РОДИТЕЛИТЕ ШТО ГО ОСТАВИЛЕ

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛА ГО ЗГРИЖИ НАПУШТЕНОТО ДЕТЕ СО ЦЕРЕБРАЛНА ПАРАЛИЗА ВО ОХРИД, ПОЛИЦИЈАТА ТРАГА ПО РОДИТЕЛИТЕ ШТО ГО ОСТАВИЛЕ„Детенцето пред еден месец првин било напуштено од таткото, а пред една недела и од мајката. Таткото е во добра здравствена состојба, но мајката има здравствени проблеми. Омбудсманот го мониторира овој случај. СВР Охрид трага по родителите што го напуштиле беспомошното дете“, вели Васка Бајрамовска-Мустафа, Заменик-Народен правобранител (Фото: СДК.МК)

    Единаесетгодишно дете со церебрална парализа и со здравствени и психички нарушувања од Охрид, кое пред една недела било напуштено од родителите, добило место во мал групен дом. Се чека само да му биде направен тест за коронавирус и по добивање на резултатите, тоа ќе биде сместено во дом, кој е специјализиран за грижа за лица во неговата специфична психофизичка состојба.

    Приказната за напуштеното детенце ја објави „Слободен печат“, по што веднаш реагираше Министерството за труд и социјална политика и му најде сместување во соодветна државна установа. Случајот го следи по службена должност и Народниот правобранител, како овластен монитор за остварување на правата на децата со посебни потреби во Република Северна Македонија.

    „Детенцето пред еден месец првин било напуштено од таткото, а пред една недела и од мајката. Таткото е во добра здравствена состојба, но мајката има здравствени проблеми. Омбудсманот го мониторира овој случај. СВР Охрид трага по родителите што го напуштиле беспомошното дете. Тие живееле во иста куќа со госпоѓата која го згрижила детенцето, а не се роднини. Таа пред една недела го пријавила случајот во Центарот за социјални работи во Охрид, веднаш откако и мајката го напуштила. Центарот моментално реагирал и додека се чека тестирањето и префрлувањето во соодветната згрижувачка установа, на госпоѓата сосетка која го чува детенцето, ѝ обезбедил 24-часовна стручна помош, терапија, пелени и се што е потребно за нега. Центарот стапил во контакт и со роднина на детето, која ќе биде со соседите-згрижувачи се до сместувањето во Демир Капија. Се вклучи и Црвениот крст со помош во пакети со се што е потребно за беспомошното 11-годишно дете“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа.

    Игор Блажески соседот кој го прифатил детето, во „Слободен печат“ алармираше тврди дека во Центарот за социјални работи – Охрид му рекле оти не можат да го згрижат малолетникот додека за тоа писмена согласност не даде барем едниот од родителите. Но, проблемот денеска е надминат.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира