Формиран дежурен тим во меѓуопштинскиот центар за социјални работи во Скопје, кој 24 часа во денот, како и за викенд, ќе интервенира на повик. Министерството за труд и социјална политика соопшти дека овој специјализиран тим, ќе интервенира на итни повици во следниве случаи: деца на улица, бездомници, семеjно насилство, нереализирање видување, питачење, полов напад над деца, малолетничка деликвенција и останатите граѓани во ризик.
„Формиравме специјализиран тим составен од двајца социјални работници, педагог и психолог. Тој ќе постапува по итни предмети од ранливите категории корисници на услуги од меѓуопштинскиот центар за социјални работи Скопје. Тимот е задолжен да врши итен увид во кое било време од денот и за време на викенд. Ќе постапува по примен повик на дежурните броеви на социјалните работници: Даниела Копчаревска 078 230 943, и Олга Губерениќ 076 381 762“, велат од Министерството за труд и социјална политика.