МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПОТВРДИ ДВАТА СМРТНИ СЛУЧАИ НА ИНФЕКТИВНА, ПРИЧИНИТЕЛОТ УШТЕ СЕ ИСПИТУВА

    МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ГИ ПОТВРДИ ДВАТА СМРТНИ СЛУЧАИ НА ИНФЕКТИВНА, ПРИЧИНИТЕЛОТ УШТЕ СЕ ИСПИТУВАДиректорот на Инфективна клиника и претседател на Комисијата за заразни болести Звонко Миленковиќ на денешната прес-конференција за двата смртни случаи.

    Министерството за здравство потврди дека двајца пациенти починале на Клиниката за инфективни болести, кои биле во тешка состојба со зафаќање на повеќе органи, но причинителот на болеста се уште се испитува. Тие на Инфективната клиника се примени пред четири дена со висока температура, пролив, повраќање. Едниот веднаш починал, а другиот починал утрово. Починатите се на возраст од 24 и 50 години без други претходни заболувања.

    КАРАНТИН НА ИНФЕКТИВНА, ДВАЈЦА МРТВИ, БОЛЕСТА СЕ УТВРДУВА

    Звонко Миленковиќ, директор на Инфективна и претседател на Комисијата за заразни болести, рече дека починатите се од околината на Гостивар, а во моментот на Инфективна има уште четворица пациенти, но тие не се во толку тешка состојба.

    „Станува збор за високо фебрилен синдром со зафаќање на повеќе органи. Во случајов со зафаќање на црниот дроб, бубрезите и згуснување на крвта. На Инфективна нема карантин, туку овие пациенти се изолирани”, рече Миленковиќ.

    Тој објасни дека се сомневаат на повеќе можни причинители за состојбата на пациентите, меѓу кои и хеморагична треска и туларемија.
    „Се сомневаме на повеќе причинители што ги пренесуваат разни вектори како инсекти и глодари и затоа не би издвојувал ниедна состојба дури не добиеме резултати. Битно е дека станува збор за состојба која има низок степен на пренос од човек на човек и нема простор за паника” , рече Миленковиќ.

    Тој кажа дека веднаш ги известиле центрите за јавно здравје, кои што веднаш излегле на терен и вршат епидемиолошки испитувања. Починатите пациенти се роднини, а меѓу хоспитализираните има такви што се во роднинска врска.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира