МИРЈАНА ЛАЗАРОВА – ТРАЈКОВСКА ИЗБРАНА ЗА СУДИЈА – КРИВИЧАР ВО ВРХОВНИОТ СУД

    МИРЈАНА ЛАЗАРОВА – ТРАЈКОВСКА ИЗБРАНА ЗА СУДИЈА – КРИВИЧАР ВО ВРХОВНИОТ СУДПокрај Лазарова-Трајковска, за нови врховни судии избрани се и Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова. Конкурирале вкупно 12 кандидати. (архивска фотографија)

    Судскиот совет денеска едногласно ја избра за судија во Врховниот суд поранешната судијка во Европскиот суд за човекови слободи и права и поранешна уставна судијка Мирјана Лазарова-Трајковска.

    Покрај Лазарова-Трајковска, за нови врховни судии избрани се и Сафет Кадрии, Наке Георгиев и Лидија Мартинова. Конкурирале вкупно 12 кандидати.

    Лазарова – Трајковска и Сафет Кадрии, судија од Апелациониот суд Скопје, се избрани за врховни судии во кривичната област. Георгиев, кој е претседател на Апелација Штип и Мартинова, судија во Скопска апелација, избрани се за врховни судии од граѓанската област.

    Судскиот совет избра и 13 судии во Основните судови, од кои најголем дел се дипломирани кандидати од Академијата за судии.

    Судијката Александра Поп Стефанија од Основниот суд Неготино, која беше спомната во Извештајот на Стејт Департментот во 2016 година, како судија која имала блиски релации со тогашната владејачка ВМРО-ДПМНЕ, преместена е по хоризонтална линија во Основниот суд Охрид. Таа беше делегирана да работи во Основниот суд Скопје и за законитоста на нејзиното постапување, не е поведена постапка во Судскиот совет.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира