МИРНА НОЌ НА ТОКСИКОЛОГИЈА, 27 АЛКОХОЛИЗИРАНИ, НЕМА ПРЕЈАДЕНИ

    МИРНА НОЌ НА ТОКСИКОЛОГИЈА, 27 АЛКОХОЛИЗИРАНИ, НЕМА ПРЕЈАДЕНИГрад Скопје не организираше пречек на Нова Година, а новогодишна прослава на отворено организираше Општина Центар.- од прославата на сквер Јадран(Фото:СДК.МК)

    На Клиниката за токсикологија во Скопје на новогодишната ноќ помош побарале 27 лица, кои испиле прекумерно количество алкохол. Д-р Нико Беќаровски, директор на Клиниката за токсикологија, вели дека пречекот на 2018 година поминал релативно мирно, без пациенти со потешки последици по здравјето. Тој кажа дека пациентите кои биле со алкохолно труење по два часа третман на Клиниката биле пуштени на домашно лекување и дека 65 отсто биле мажи, а 35 отсто биле жени.

    „Најмладиот пациент што го третиравме беше на 16 годишна возраст, а најстариот имаше 48 години. За среќа годинава немавме пијани малолетници, ниту пак лица со труења од психоактивни супстанци. Повеќето што побараа помош на нашата Клиника беа на возраст од околу 20 години“, вели вели д-р Беќаровски.

    Тој вели дека засега нема ниеден случај на пациент кој изел премногу храна. „Рано е за нив, обично се јавуваат во текот на денот по новогодишната ноќ“, вели  директорот на Клиниката за токсикологија во Скопје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира