МИСЛЕВ ДЕКА МЕТРОЛОГИЈАТА Е ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА АВДУЉ СЕЛАМИ

    МИСЛЕВ ДЕКА МЕТРОЛОГИЈАТА Е ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ НА БИРОТО ЗА МЕТРОЛОГИЈА АВДУЉ СЕЛАМИСелами во говор на свеченоста за одбележувањето на Светкиот ден на метрологијата, кажа до скоро грешел и мислел дека станува збор за наука за времето. (Фото: Министерство за економија)

    Директорот на Бирото за метрологија Авдуљ Сељам Селами пред да стане прв човек на оваа институција мислел дека метрологијата е временска прогноза. Селами ова го изјави во говор по повод свеченоста за одбележувањето на Светкиот ден на метрологијата.

    „Метрологијата нема врска со временска прогноза. Да ви кажам, јас до пред некое време грешев, мислев дека е наука за времето. Но, метрологијата го одбележува влијанието на мерењето врз нашиот секојдневен живот. Метрологијата е важна затоа што точните и конзистентни мерења овозможуваат фер трговија, гарантираат квалитет во производството и поддршка на иновациите. Точни мерења се во функција на безбедноста, здравјето и квалитетот на живот“, рече Селами.

    39-годишниот Селами е магистер по политички науки со положени правосуден и нотарски испит. Претходно беше заменик-директор на Управата за јавни проходи  (УЈП).

    На денешниот настан по повод Светскиот ден на метрологијата присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на УЈП Сања Лукаревска.

    А АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира