МИЦКОСКИ БАРА ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ДА УТВРДИ КАКО ДА СЕ ОДЛОЖАТ ИЗБОРИТЕ БЕЗ СОБРАНИЕТО

    МИЦКОСКИ БАРА ЕКСПЕРТСКИ ТИМ ДА УТВРДИ КАКО ДА СЕ ОДЛОЖАТ ИЗБОРИТЕ БЕЗ СОБРАНИЕТОНа сите присутни на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски им беше мерена температурата. - Христијан Мицкоски (Фото: Кабинет на Претседателот)

    Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по денешната лидерска средба кај претседателот Стево Пендаровски кажа дека побарал да се формира експертски тим да најде решение како да се одложат изборите на 12 април, без повторно да се свикува Собранието.

    „Дебата на лидерската средба се разви за тоа како да се најде решение за правната дилема за одложувањето на изборите. Имаше неуставни предлози, но нашиот став е веднаш по лидерската средба да се формира експертски тим, кој ќе најде решение за одлагањето во рамки на Уставот. Овој тим да одлучи како ќе се одложат изборите, а не да се свикува Парламентот“, рече Мицкоски.

    Втората дилема беше за прогласување за вонредна состојба, продолжи тој.

    „Укажавме дека вонредната состојба, која се прогласува на целата територија на државата, не е регулирана со закон и не знаеме што ќе предизвика. Додека, кризната состојба е пропишана со закон. ВМРО-ДПМНЕ е првин да се прогласи кризна состојба, а потоа да се види како ќе се одвиваат настаните со пандемијата на коронавирусот“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира