МИЦКОСКИ ВТОРПАТ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

    МИЦКОСКИ ВТОРПАТ ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19Мицкоски вчера беше Тетово каде се сретна со членови на планинарскиот клуб „Љуботен“ и со тетовски просветни работници. (Фото: Фејсбук)

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е позитивен на ковид-19, објави партијата. Тој имал симптоми и позитивен брз антиген тест, а во текот на денов ќе биде тестиран и со ПЦР тест.

    Поради ковидот, Мицкоски ја откажа денешната посета на Општина Маврово-Ростуше каде требаше да оди пред изборите за градоначалник. Вчера, поради изборите за општински Совет в сабота, Мицкоски беше Тетово каде се сретна со членови на планинарскиот клуб „Љуботен“ и со тетовски просветни работници.

    Мицкоски имаше коронавирус и во март 2021, кога извесен период лежеше и на Инфективната клиника.

    Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ е и вакциниран против ковид-19, но лани самиот даде противречни изјави кога точно се вакцинирал. Лани на 1 септември при гостување во ТВ емисија, кажа дека ден претходно се вакцинирал против ковид-19 заедно со сопругата во салата „Борис Трајковски“ и дека тоа го направил зашто бил принуден поради рестриктивните мерки воведени од Владата. Но претходно, на 8 август, на својот профил објави дека е вакциниран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира