МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМ

    МЛАДЕН ЧАДИКОВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ЗНМЧадиковски и Николовски на крајот на првото броење на гласовите. (Фото: СДК.МК)

    Младен Чадиковски доби втор мандат за претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), одлучија новинарите на денешното редовно собрание.

    Покрај Чадиковски, од ТВ24, за претседал на ЗНМ се кандидираа и Марјан Николовски од Сител и Фиљана Кока од Македонската радио-телевизија.

    На првото броење на гласовите, Чадиковски освои 229 гласови, Николовски 85 и Кока 40, по што колегите му честитаа на Чадиковски. Според финалните резултати Чадиковски доби 275 гласови, Николовски 119 и Фиљана Кока 53,  а неважечки биле 11 ливчиња.

    Покрај за претседател, членовите на ЗНМ гласаа и за Управен и Надзорен одбор, како и за нов состав на Советот на честа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира