МНОЗИНСТВОТО ГО ИЗБРА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО

    МНОЗИНСТВОТО ГО ИЗБРА ТАЛАТ ЏАФЕРИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТОЗа Талат Џафери од ДУИ гласаа 61 пратеник. (Фото: СДК.МК)

    Парлментарното мнозинство предводено од СДСМ со 61 глас „За“ го избра Талат Џафери од ДУИ за нов претседател на Собранието.

    Во тензична атмосфера, првин Горан Мисовски од НСДП го повика Ферид Мухиќ како најстар пратеник да ја стави точката на дневен ред за избор на претседател на Собранието, а потоа стоечки, додека се скандираше „пуч“ и „државен удар“ од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, 62 пратеника од СДСМ, ДУИ, АА и ДПА со кревање рака го изгласаа Талат Џафери за претседател на Собранието.

    Потоа Џафери даде заклетва и се потпиша и потоа му честитаа пратениците од мнозинството. Изборот на претседател на Собранието помина без инцидент.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира