МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ВРАТАТ ОД МЕКСИКО ПОРАДИ НАСИЛСТВАТА НА НАРКОКАРТЕЛИТЕ

    МНР ГИ ПОВИКА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ДА СЕ ВРАТАТ ОД МЕКСИКО ПОРАДИ НАСИЛСТВАТА НА НАРКОКАРТЕЛИТЕНасилства избија во Мексико откако војската го уби најбараниот човек во земјата во акција за негово апсење поддржана од САД. (Фото: АП)

    Министерството за внатрешни работи ги повика македонските граѓани кои се наоѓаат во Мексико да ја напуштат државата поради влошената безбедносна состојба. Од МНР препорачуваат одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

    „Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected] и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво во Вашингтон +1 (202) 758-7798 или на е-поштата [email protected]“, соопштија од МНР.

    Насилства избија во Мексико откако војската го уби најбараниот човек во земјата во акција за негово апсење поддржана од САД. Немесио Осегуера Сервантес познат како Ел Менчо, кој беше водач на озлогласениот картел Халиско нова генерација (ЦЈНГ), почина откако беше тешко ранет во судирите помеѓу неговите поддржувачи и војската.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира