МНР ИСПРАТИ НОТА ДО ГРЦИЈА ДЕКА СОБРАНИЕТО ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

    МНР ИСПРАТИ НОТА ДО ГРЦИЈА ДЕКА СОБРАНИЕТО ГО РАТИФИКУВАШЕ ДОГОВОРОТ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТОПретседателот на Собранието Талат Џафери го потпишува Законот за ратификација на договорот за решавање на спорот за името со Грција.(Фото:СДК.МК)

    Министерството за надворешни работи испрати нота со која ја известува Грција дека македонскиот Парламент го ратификувал договорот за решавање на спорот за името.

    Ратификацијата во парламентот беше услов што требаше да го исполнат македонските власти, за потоа грчката страна да ги извести ЕУ и НАТО дека е надмината најголемата пречка за продолжување на интеграцискиот процес на Македонија.

    На крајот на месецот, е закажан самитот на Европскиот совет, каде се очекува Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

    Според Договорот за решавање на спорот за името со Грција, договорот станува валиден кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји.

    По уставните промени, кои ќе следат по евентуален успешен референдум, договорот се ратификува во парламентот во Грција. При тоа ќе се ратификува и договорот за името, но и протоколот за полноправно членство на Македонија во НАТО. Оттогаш почнува меѓународната употреба на новото име.

    На 28 јуни годинава, Македонија треба да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија, а на

    12 јули на самитот на НАТО, Македонија да добие покана за членство во Алијансата како нејзина 30. членка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира