МНР РЕАГИРАШЕ СО НОТА ДО БУГАРИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВА

    МНР РЕАГИРАШЕ СО НОТА ДО БУГАРИЈА ЗА ИЗЈАВАТА НА ЛИДЕРОТ НА ПРЕРОДБА ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ВТОРА БУГАРСКА ДРЖАВАПартијата Преродба на Костадин Костадинов освои 27 пратенички места на последните парламентарни избори во Бугарија. (Фото: Фејсбук)

    По повод изјавите на пратеникот и лидерот на политичката партија „Вазражадане“ (Преродба, н.з.), Костадин Костадинов за време на конститутивната седница на Народно Собрание на Република Бугарија, Министерството за надворешни работи, преку амбасадата на Република Бугарија во Скопје, упати вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија, во која изрази крајно незадоволство од содржина на изјавата во која јавно изразуваат иредентистички и територијални претензии кон Република Северна Македонија, соопшти утринава МНР.

    Од МНР додаваат дека го повторуваат апелот дека ваквите изјави се директно спротивни на намерата на двете држави го почитуваа и да го негуваат духот на Договорот за пријателство и добрососедство, во насока на создавање блиски и пријателски односи базирани на меѓусебна почит и соработка.

    „Токму во духот на добрососедството, очекуваме релевантните политички и институционални фактори во Република Бугарија да се оградат и да ги осудат ваквите провокации и обиди за нарушување на добрососедските односи“, велат од МНР.

    На 19 октомври, на седницата на бугарскиот парламент за избор на собраниски спикер, Костадинов кажа: „Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија“.

    Седницата уште трае, бугарските пратеници не можат да изберат претседател на собранието.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира