МУКАЕТОВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО-СРПСКИОТ ДЕЛОВЕН СОВЕТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МУКАЕТОВ ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА МАКЕДОНСКО-СРПСКИОТ ДЕЛОВЕН СОВЕТ

    Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“ Живко Мукаетов денеска беше назначен за претседател на Македонско-српскиот деловен совет со четиригодишен мандат. Македонско-српскиот деловен совет беше формиран од Стопанската комора на Македонија со цел развивање на трговските контакти, насочување и унапредување на извозно-увозните можности на компаниите-членки, како и интензивирање на економската соработка помеѓу Македонија и Србија.

    „Кога првпат ми беше презентирана идејата за една ваква асоцијација, истата ми изгледаше од една страна прилично амбициозно, но од друга страна, навистина беше потребно здружување во платформа од овој вид. За ‘Алкалоид’, Република Србија е еден од главните стратешки извозни пазари, пред сé поради близината, врските помеѓу двете земји, културолошките сличности и традицијата. Во Република Србија, ‘Алкалоид’ е присутен повеќе од 70 години. Преку успешното работење на компанијата на овој пазар, најнапред преку 4 регионални центри во Белград, Ниш, Крагуевац и Нови Сад дојдовме до денешната фаза на оперативен производен погон и над 100 вработени. Тој пат, ние во ‘Алкалоид’ го изодевме сами“, кажа Мукаетов, додавајќи дека за постигнување подобри резултати, на компаниите им е потребно здружување и разни форми на синергија.

    Претседателот на Српско-македонскиот деловен совет при Стопанската комора на Србија Миле Коциќ, сопственик на прехранбената индустрија ,,Јумис”, рече дека ова е еден одличен линк помеѓу српските и македонските компании и платформа која нема да биде само протоколарна туку навистина ќе функционира.

    Македонско-српскиот и Српско-македонскиот деловен совет се организациски форми во рамки на Стопанската комора на Македонија, односно Стопанската комора на Србија, кои ќе остваруваат активности насочени кон стимулирање на соработката, информираноста, контакти со домашни, странски, коморски и деловни партнери, а ќе делуваат и по проблеми и прашања од заемен интерес во делот на економската соработка помеѓу Македонија и Србија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира