МУЦУНСКИ И ДИМИТРИЕВСКА-КОЧОВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ, САШО КЛЕКОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТ

    МУЦУНСКИ И ДИМИТРИЕВСКА-КОЧОВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА ВМРО-ДПМНЕ, САШО КЛЕКОВСКИ ВЛЕЗЕ ВО ИЗВРШНИОТ КОМИТЕТВМРО-ДПМНЕ вечерва доби двајца нови потпретседатели. - Претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет во скопското кино „Милениум“ (Фото: Фејсбук/принтскрин)

    Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и заменик-министерката за финансии во последната техничка влада Гордана Димитриевска-Кочовска вечерва се избрани за нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, кажа претседателот на партијата Христијан Мицкоски по седницата на Централниот комитет.

    Досега, ВМРО-ДПМНЕ имаше двајца потпретседатели, Владо Мисајловски и Александар Николоски, кои остануваат на функциите.

    Централниот комитет избра и членови на проширениот Извршен комитет на партијата, меѓу кои и долгогодишниот граѓански активист Сашо Клековски. Нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се уште докторот Ристо Симеонов, специјалист по детска хирургија, актерот Зоран Љутков, поранешната вицегувернерка на Народна банка Маја Кадиевска-Војновиќ, пратениците Ели Панова и Миле Лефков, како и портпаролката Марија Митева.

    Генерален секретар на партијата останува Ѓорѓија Сајкоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира