МУЗИЧАРИТЕ ПЛАЧАТ ПО ХАРИЗМАТА И СТРАСТА НА ЃУМАР 

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    МУЗИЧАРИТЕ ПЛАЧАТ ПО ХАРИЗМАТА И СТРАСТА НА ЃУМАР 

    Бела роза на празниот диригентски пулт, музичари од Оркестарот во солзи пред видеобимот со фотографија од својот омилен маестро Саша Николовски-Ѓумар, кој ненадејно почина во саботата на 50 години, беше последната слика од емотивната комеморативна седница што се одржа претпладнево во Македонската опера и балет (МОБ), со преполна сцена од колеги музичари, изведувачи од МОБ,  Македонската филхармонија и од Факултетот за музичка уметност, и преполн салон во чест на прерано починатиот диригент и професор, Ѓумар.

    Поранешната сопруга на Ѓумар, Камелија Левенска (Фото: СДК.МК)

    Поранешната сопруга на Ѓумар, Камелија Левенска (Фото: СДК.МК)

    Во присуство на семејството, неговата мајка, поранешните две сопруги и двете деца, колегите од сите области на музичкото творештво и од сите генерации во солзи и во неверица зборуваа за загубата и големата празнина што се отвора со заминувањето на Саша Ѓумар во неговите најплодни години. Попладнето, Гумар беше погребан во Скопје.

    Сите музичари прво го бараа Ѓумар; - ексминистерката за култура, виолинистката Ганка Цветановска на комеморацијата во МОБ (Фото: СДК.МК)

    Сите музичари прво го бараа Ѓумар; – ексминистерката за култура, виолинистката Ганка Цветановска на комеморацијата во МОБ (Фото: СДК.МК)

    За Ѓумар со искрена почит говореше в.д. деканот на ФМУ Зоран Пехчевски, како за ерудит, човек со длабоки познавања од сите области на духовното творештво, харизматичен, енергичен, но и човек со трогателна нежност кој не се снаоѓаше добро во материјалниот свет. Тој рече дека и Ѓумар како и сите имаше свои внатрешни демони, но не дозволи да го победат и од него да излезе некакво зло, во каков и да е облик.

    Саша Николовски-Ѓумар (1966 - 2016) беше диригентски волшебник (Фото: СДК.МК)

    Саша Николовски-Ѓумар (1966 – 2017) беше диригентски волшебник (Фото: СДК.МК)

    Министерката Елизабета Канческа-Милевска сподели оти во Русија, него го викале, Ѓумар генијалецот од Македонија. За Ѓумар, музикологот Марко Коловски во снимено обараќање  говореше како за маѓепсник на диригирањето кој ги скротува сите партитури и најсложените музички форми раководејќи со големиот симфониски апарат, како за диригент кој беше баран од сите домашни комозитори, да биде токму тој што ќе ја вообличи праизведбата на делото, од сите ансамбли за надминување на опасностите од некое сложено дело. Него го бараа и за проектите во кои се помируваат популарното и класичното, народното и и професионалното. И на крајот, сите го добиваа она што го посакуваа.

    Без Ѓумар многу нешта во македонската музика не ќе беа она што се; - бела роза на празниот диригентски пулт на комеморацијата во МОБ (Фото: СДК.МК)

    Без Ѓумар многу нешта во македонската музика не ќе беа она што се; – бела роза на празниот диригентски пулт на комеморацијата во МОБ (Фото: СДК.МК)

    Ѓумар, вели Коловски, беше еден од столбовите на македонската музичка уметност, кој достојно ги наследи диригентите од првата и од средната генерација, уметник со дионисов темперамент, страст и љубов кон музиката што несебично ги раздаваше.

    Комеморацијата заврши со долг аплауз, а простувајќи се од својот професор, кој на изведбите им даваше нему својствена арома, студентите му посакаа некаде горе да му се оствари неостварената желба, да диригира Вагнерова опера, а ние на некој чудесен начин да можеме тоа да го чуеме.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира