МВР ГИ ИДЕНТИФИКУВАШЕ СЕДУМТЕМИНА ПРАТЕНИЦИ КОИ ПОМОГНАА ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    МВР ГИ ИДЕНТИФИКУВАШЕ СЕДУМТЕМИНА ПРАТЕНИЦИ КОИ ПОМОГНАА ВО НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТОНа снимките од безбедносната камера се гледаат пратеникот Крсто Мукоски по отварањето на вратата и неговиот сопартиец Јохан Тарчуловски кој ги насочува демонстрантите во кој правец да се движат при нападот на Собранието на 27 април (Фото: Скриншот од АлсатМ)

    Министерството за внатрешни работи го известило Основното јавно обвинителство дека презело мерки и активности во врска со Наредба за утврдување на целосни лични податоци за седум пратеници во Собранието, соопшти МВР.

    На снимките од собраниските безбедносни камери што на 22 мај ги објавија телевизиите „Телма“ и „АлсатМ“ се гледа дека седуммина пратеници ја координирале акцијата за отворање на вратите од Собранието и пуштање на толпата внатре да го нападне пратениците од мнозинството на 27 април. Седумтемина пратеници кои се гледаат на снимките се Крсто Мукоски, Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Илија Димовски, Јохан Тарчуловски и Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ и Љупчо Димовски од Социјалистичка партија на Македонија.

    ИМУНИТЕТОТ НЕ ГИ ШТИТИ СЕДУМТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА БИДАТ ПОВИКАНИ КАЈ ЗВРЛЕВСКИ ЗА НАПАДОТ НА СОБРАНИЕТО

    МВР, исто така, информираше дека поднело кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „предизвикување општа опасност“, откако лицето било идентификувано дека поставил импровизирана експлозивна направа во Собранието на 27 април.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира