МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЗА СТАНИЦАТА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КАДЕ ШТО БИЛ РЕГИСТРИРАН АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ КОЈ ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈА

    МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЗА СТАНИЦАТА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КАДЕ ШТО БИЛ РЕГИСТРИРАН АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ КОЈ ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈАНеправилности во работата на станицата во Глумово биле откриени на 12 август 2021 година, решението за забрана за работа, потпишано од министерот Спасовски, било донесено на 26 ноември 2021 година, три дена по автобуската несреќа во Бугарија. (Фото: СДК.МК)

    Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Кривичната пријава е поврзана со несреќата на автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 5 октомври 2021 година, кога загинаа 45 лица. Последната контрола на запалениот автобус била извршена во станицата за технички преглед „Виа комерц“ во Глумово, за која што се однесува кривичната пријава.

    Според соопштението од МВР, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, ја искористил својата службена положба и овластување за да овозможи правен субјект – технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5,5 милиони денари.

    Во кривичната пријава се наведува дека Спасовски го сторил делото со тоа што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед, иако таков предлог бил доставен од надлежната организациска единица за граѓански работи. Имено, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, тој не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила.

    Иако неправилности во работата на станицата во Глумово биле откриени на 12 август 2021 година, решението за забрана за работа, потпишано од министерот Спасовски, било донесено на 26 ноември 2021 година, три дена по автобуската несреќа во Бугарија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира