МВР ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ИЛИНДЕН

    МВР ТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО 14-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ОД СКОПСКАТА НАСЕЛБА ИЛИНДЕННа социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето, со опис дека носи црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. (Фото: Фејсбук)

    Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека трага по изчезнатато 14-годишно девојче  К. Р. од скопската населба Илинден.

    „На 02.08.2024 околу 23.45 часот И. Т. (33) од н. Илинден, Скопје пријавила дека на 02.08.2024 околу 18 часот нејзината малолетна ќерка К. Р. (14) се оддалечила од домот. К. Р. имала здравствени проблеми, а причина за оддалечувањето била претходна расправија помеѓу К. Р. и И. Р. Се преземат мерки за пронаоѓање на лицето“, ни рекоа од МВР.

    На социјалните мрежи се споделува фотографија од девојчето и апел од нејзината мајка, во која наведува дека девојчето со име Клара е излезена вчера во 18 часот во Илинден, на себе има  црни кратки панталони, црна блуза со натписи и црно-сиви патики. Висока е 1.65 сантиметри, тешка 56 килограми и има кафен- зелени очи.

    „Ако некој ја забележи да пријави во најблиската станица“, апелира мајката.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира