НЀ ПРИСЛУШУВАЛЕ ОТИ ПРИЈАВИВ КРИМИНАЛ СО МАШИНАТА ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ИЗЈАВИ РЕМЕНСКИ ПО СВЕДОЧЕЊЕТО ВО СЈО

    НЀ ПРИСЛУШУВАЛЕ ОТИ ПРИЈАВИВ КРИМИНАЛ СО МАШИНАТА ЗА ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ, ИЗЈАВИ РЕМЕНСКИ ПО СВЕДОЧЕЊЕТО ВО СЈОПоранешната техничка министерка за труд социјала Фросина Ременски денеска беше во СЈО заедно со сопругот да дадат исказ како оштетени лица. (Фото: СДК.МК)

    Пратеничката на СДСМ Фросина Ременски кажа дека таа и нејзиниот сопруг Јовче повеќе од три години биле незаконски прислушувани од Управата за безбедност и контразузнавање откако ја откри аферата „Афис“. Двајцата денеска беа да дадат исказ како оштетени лица во Специјалното јавно обвинителство.

    „Позната ви е аферата ‘Афис’, познат ви е разговорот на Гордана Јанкулоска и Кирил Божиновски во делот на моето разрешување од позицијата продекан за настава на Факултетот за безбедност и сите други прашања и ситуации поврзани со деградација на мојот сопруг, кој е вработен во МВР, и континуираниот политички мобинг што го трпиме како семејство“, изјави Ременски.

    Аферата „Афис“ ја откри Фросина Ременски во 2013 година, кога како продекан на Факултетот за безбедност поднесе пријава до Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција според која Министерството за образование и наука противправно обезбедило лаборатории со системот АФИС за производство биометриски документи – лични карти и пасоши, вредни 4 милиони евра, кои наместо за образовни цели, завршиле во Министерството за внатрешни работи.

    С.К.ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира