НА АНБ И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ ДОБРО ИМ ОДИ И ЈАС САМО ТОЛКУ МОЖАМ ДА КАЖАМ ЗА ЈАВНОСТА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА КОНТРОЛА ЉУПЧО РЕНЏОВ

    НА АНБ И АГЕНЦИЈАТА ЗА РАЗУЗНАВАЊЕ ДОБРО ИМ ОДИ И ЈАС САМО ТОЛКУ МОЖАМ ДА КАЖАМ ЗА ЈАВНОСТА, ВЕЛИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА ЗА КОНТРОЛА ЉУПЧО РЕНЏОВНа 14 јануари, пратениците со безбедносен сертификат одат во нова контрола на разузнавачите. - Пратеникот Љупчо Пренџов (Фото: Фејсбук)

    Пратениците од Комисијата за надзор на работата над Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање на 14 јануари ќе влезат во контрола на двете тајни служби – едната под Владата, втората под надлежност на претседателот Стево Пендаровски.

    За една година откако постои во новиот парламентарен состав, оваа Комисија предводена од претседател од опозицијата, нема сериозна и алармантна забелешка на работата на двете тајни служби. Работата добро им оди, и јас толку можам да кажам, вели претседателот Љупчо Пренџов.

    „На денешната седница утврдивме датум за посета на членовите на комисијата, на АНБ и на Агенцијата за разузнавање, на 14 јануари. При контролите ние гледаме документи, информации од највисока безбедносна тајна и никој од нас нема законско право да ја брифира јавноста во врска со контролите. Во комисијата сме пратеници од шест политички партии и никогаш не сме изнеле во јавноста и најмал детал од она што го гледаме таму, а тоа се активности за заштита на безбедноста на нашата држава. Толку можам да кажам“, вели Пренџов.

    Членовите на оваа комисија имаат посебни безбедносни сертификати, со кои законски се обврзани на тајност на информациите од работата на двете агенции.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира