НА ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК НА „АЛКАЛОИД“ СОБРАНИ 1,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ДЕТЕ СО ТУМОР НА МОЗОКОТ

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА ХУМАНИТАРЕН ПИКНИК НА „АЛКАЛОИД“ СОБРАНИ 1,3 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ДЕТЕ СО ТУМОР НА МОЗОКОТ

    Донација од над 1,3 милиони денари ќе добие вработен во „Алкалоид АД Скопје“, за лекување на неговото 18 месечно дете, која беше собрана на хуманитарниот пикник, што оваа компанија традиционално го организира по шести пат, а под закрила на Фондацијата “Трајче Мукаетов“.

    Генералниот директор на “Алакалоид“ Живко Мукаетов, рече дека годинава имаат посебен мотив да се соберат вработените на Алкалоид на традиционалниот пикник, бидејќи сите се потресени од случајот.

    “Денес сме сите заедно, големото семејство на Алкалоид, што значи вработените на Алкалоид, нивните роднини и пријатели. Оваа година имаме посебен мотив. Од една страна ја имаме прославата на 80 години од постоење на нашата компанија, што е редок јубилеј, веројатно еден од многу ретките во оваа држава. А од друга страна имаме повод кој не е добар и сите сме многу потресени. Детенцето на еден наш драг колега, за жал има здравствени проблеми. Сите се собравме да покажеме дека сме хумани и дека заедно можеме да помогнеме, да придонесеме и да се молиме на Бога тоа детенце да биде излечено како што треба, да продолжи да расте и еден ден можеби да биде дел во работната средина на Алкалоид“, рече Муакетов.

    Тој соопшти дека освен вработените, средства донирале и други организации, односно Фармацевтскиот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, веледрогеријата Еурофарм и други соработници на компанијата.

    Таткото на 18 месечното бебе, кое боледува од ембриобластен тумор на мозокот се заблагодари на колегите и сите хумани луѓе што им дале подршка во за нив најтешкиот момент. Детето неодамна е оперирано во Македонија, а постоперативно ќе се лекува во Германија.

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира