НА КРАЈ НА ДУЕЛОТ ЌЕ МУ КАЖАМ НА ЗАЕВ ШТО МИСЛАМ ЗА БОЈКОТОТ, ОДГОВОРИ МИЦКОСКИ

    НА КРАЈ НА ДУЕЛОТ ЌЕ МУ КАЖАМ НА ЗАЕВ ШТО МИСЛАМ ЗА БОЈКОТОТ, ОДГОВОРИ МИЦКОСКИПремиерот Зоран Заев денес одговори на повикот за ТВ-дуел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека ќе прифати дуел кога Мицкоски каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30 септември.(Фото:СДК.МК)

    Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, му одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Кристијан Мицкоски на премиерот Зоран Заев.

    „Ќе му кажам на крајот од дуелот на Заев што мислам за бојкотот, тој само треба да се охрабри, да не бега од вистината и да прифати дебата. А ако се плаши и си бара изговор, тоа е типично за човек што знае да витка кичма и да се однесува недостоинствено кон сопствениот народ плашејќи се да се соочи со вистината, а вистината е национално понижување, колективен грабеж, лаги и безидејност“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

    Лидерот на опозицијата Мицкоски вели дека на дуелот Заев нема да може да дојде медиумската армадила под контрола на власта, ќе ги нема ниту партиските ширачи на невистини кои секојдневно креираат лажна розева слика.

    „Тој ќе е оставен сам на себе. Веројатно затоа не го пуштаат да излезе на дуел“, напиша Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.

    Премиерот Зоран Заев денес одговори на повикот за ТВ-дуел на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, велејќи дека ќе прифати дуел кога Мицкоски каже јасен став дека е против бојкот на референдумот за името на 30 септември.

    „Кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе каже јасен став дека е против бојкот на референдумот, тогаш ќе прифатам телевизиски дуел“, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција со косовскиот претседател Хашим Тачи.

    Мицкоски го повика Заев ТВ-дуел за референдумот и за Договорот од Преспа за време на синоќешната прес-конференција на кој што го соопшти партискиот став за референдумот. Како што кажа Мицкоски, ставот на ВМРО-ДПМНЕ е сите граѓани да постапат според сопствените убедувања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира