НА МТВ НЕМА ПРОГРАМА ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ, ВЕСТИ СЕ ЕМИТУВААТ САМО СО ТОН

    НА МТВ НЕМА ПРОГРАМА ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ПРОБЛЕМ, ВЕСТИ СЕ ЕМИТУВААТ САМО СО ТОНОд МТВ се надеваат оти наскоро програмската содржина ќе се врати според планот (Фото: СДК.МК)

    Вчера на Македонската радио телевизија не се емитуваа централниот ТВ-дневник и друга програма поради технички проблем.

    Од МТВ кусо ни рекоа дека имаат технички проблем кој сѐ уште го решаваат и се надеваат оти наскоро програмската содржина ќе се врати според планот. Во моментов, на МТВ се емитуваат вести само со тон, без слика. На веб-страницата на МРТВ можат да се погледнат сите снимени емисии.

    „Македонската радио телевизија ја информира јавноста дека поради сериозен технички проблем не беше во можност да ги емитува телевизиските дневници во 17, 19:30 и во 22:30 часот на 15 октомври. Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции“, соопшти МРТВ.

    М. ЏАРОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира