НА ПРАШАЊЕ ДАЛИ РАЗМИСЛУВА ЗА ВТОР МАНДАТ, ПЕНДАРОВСКИ ОДГОВОРИ „НЕ“

    НА ПРАШАЊЕ ДАЛИ РАЗМИСЛУВА ЗА ВТОР МАНДАТ, ПЕНДАРОВСКИ ОДГОВОРИ „НЕ“Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот Стево Пендаровски кусо одговори „не“, на новинарско прашање дали размислува за да се кандидира за втор мандат.

    Пендаровски денеска учествуваше форум за антикорупција во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

    Првиот круг од претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

    Пендаровски стапи на функцијата на 12 мај 2019 година. Претходно, изгуби на претседателските избори во 2014 година од Ѓорге Иванов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира