Во синоќешната полициска акција на граничниот премин Табановце се уапсени девет полицајци, меѓу кои и командир, заменик командир и раководител на смена, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешниот новогодишен брифинг со новинарите.
Акцијата на српско-македонската граница на МВР беше во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, а уапсените се сомничат за злоупотреба на службената положба и овластувањата и поткуп. Извршени се претреси и во нивните домови со цел да бидат пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичните дела.
За време на акцијата, на граничниот премин имаше неколкучасовен застој и долга колона возила.