НА РАСПИТ ВО СЈО ДОЈДЕ ВЛАДИМИР ЗДРАВЕВ, ЕКСПРЕТСЕДАВАЧОТ НА ЦЕНТАР

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА РАСПИТ ВО СЈО ДОЈДЕ ВЛАДИМИР ЗДРАВЕВ, ЕКСПРЕТСЕДАВАЧОТ НА ЦЕНТАР

    Во  СЈО на распит денеска дојде Владимир Здравев, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше претседавач на Советот на Општина Центар во периодот кога се спроведе најголемиот дел од проектот „Скопје 2014“

    Од СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК не сакаа да кажат за кој предмет и во какво својство е викнат на распит Здравев.

    Здравев беше претседавач на Советот на Општина Центар во мандатот на градоначалникот Владимир Тодоровиќ, од 2009-2013, и тогаш Советот ги донесе сите измени на плановите за да се изведе „Скопје 2014“. Според актуелниот градоначалник на Центар, Андреј Жерновски, Здравев имал и активната улога во реализацијата на проектот и дури осум пати патувал во Италија за потребите на „Скопје 2014“. Покрај него и уште 56 лица на сметка на општината патувале во Фиренца, Верона и во Милано и за тоа потрошиле 1,5 милиони евра.

    Исто така, Здравев беше претседавач на општинскиот Совет во време кога се донесе урбанистичкиот план со кој самиот себеси си дозволи да изгради зграда, што сега е хотел „Солун“, во строгиот центар на градот.

    Од 2008 до 2010 Здравев истовремено беше и генерален директор на АД МЕПСО и општински советник, а по барање на Антикорупциската комисија мораше да се повлече од државната компанија за пренос на струја.

    Од октомври лани е член на Одборот на Директори на Македонски телеком, со мандат од 4 години.

    Неговото име изминативе месеци се споменува во врска со офшор фирмата „Мелимејт“, регистрирана на истата адреса во Олбени, САД како и „Финзи“, чиј директор беше Коста Крпач, сведокот на СЈО кој се самоуби, а потоа беше аболициран од претседателот Иванов, и „Ексико“, која има големи бизниси во земјава во партнерство со „Орка холдинг“ на Јордан Камчев. Вистинските сопственици на трите офшор фирми засега се непознати.

    Откако прв пат ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт во 1998 Здравев се вработил во Министерството за економија, а подоцна преминал во Управата за јавни приходи каде останал до 2003. До декември 2002, заедно со поранешниот министер Миле Јанакиески, Здравев бил член на Управниот одбор на Националната платежна картичка чиј директор беше Владимир Мијалков, помладиот брат на Сашо Мијалков и братучед на Никола Груевски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира