НА РАСПИТ ВО СУДОТ ДОЈДЕ СЕАД КОЧАН, ПРВООСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ „ТРУСТ“ НА СЈО

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НА РАСПИТ ВО СУДОТ ДОЈДЕ СЕАД КОЧАН, ПРВООСОМНИЧЕН ВО СЛУЧАЈОТ „ТРУСТ“ НА СЈО

    Сеад Кочан, сопственик на компанијата „Трансмет“ и првоосомничен во случајот на СЈО „Труст“, дојде на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка. СЈО побара притвор за Кочан со образложение дека постои опасност осомничениот да ги уништи доказите или да креира фалсификати во тендерската документација, која СЈО ја посочи како доказ. Второосомничениот Василије Авировиќ, поранешен управител на фирмата „Силекс нематели СТ“, се очекува наскоро да пристигне во Судот на распит. И за него СЈО бара притвор.
    СЈО отвори истрага против правните лица „Трансмет“, „Силекс неметали СТ“ и „ВАТО“ од Студеничани за фалсификувани документи за учество на тендер на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Специјалната јавна обвинителка Фатиме Фетаи на прес-конференција во вторникот изјави дека ЕЛЕМ им овозможил на конзорциумот од овие три фирми да остварат противправна имотна корист во износ од една милијарда денари или околу 17 милиони евра. Станува збор за јавна набавка за ископ на јаловина во рудникот Суводол во ноември 2011.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира