Демонстрантите вечерва пред општина Битола поставија макета од автобус на која пишуваше „Транспортер“. Тоа е асоцијација на истоимениот предмет што против битолскиот помилуван градоначалник Владимир Талески и неговите соработници го отвори СЈО за злоупотреби со школскиот превоз. Тој е осомничен дека ја оштетил градската каса за 360.000 евра.
Вечерва продолжи канонадата со бои врз правосудните згради во Битола. Шарената револуција ја обои и зградата на Апелациониот суд и на Обвинителството. Протестантите викаа „сваровски судство“ и „оставка“. Демонстрантите ја предводеа свирачи на зурли и тапани. Учесниците рекоа дека со музика побрзо се тера ѓаволот.