НА ТОНИ ТРАЈКОВСКИ РАБОТНОТО МЕСТО ВО ЕЛЕМ МУ МИРУВАЛО ОД 2009 ГОДИНА

    НА ТОНИ ТРАЈКОВСКИ РАБОТНОТО МЕСТО ВО ЕЛЕМ МУ МИРУВАЛО ОД 2009 ГОДИНАНа судењето по предметот „ТНТ“ каде е третообвинет за рушењето на деловниот комплекс Космос, поранешниот градоначалник на Гази Баба изјави дека е вработен во АД ЕЛЕМ - Тони Трајковски од времето на неговата политичка кариера (архивска фотографија)

    На поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, работното место во АД Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) му мирувало од 2009 година, соопштија од компанијата по повод интересирањето на јавноста во врска со работниот ангажман на обвинетиот во случајот на СЈО „ТНТ“ за уривањето на објектот Космос на Фијат Цаноски.

    Трајковски бил вработен во АД ЕЛЕМ од 2007 година. Во 2009 година беше избран за градоначалник на Гази Баба.

    Согласно законот, на избрани и именувани функционери работниот однос им останува во мирување, без оглед дали биле вработени во јавниот или во приватниот сектор, објаснуваат од компанијата. Од таму велат дека по завршувањето на градоначалничкиот мандат, Трајковски побарал неговиот работен однос во акционерското друштво Електрани на Македонија да биде повторно активиран и од  ноември 2017 тој е распределен на работно место одговорен референт за отчитување, пресметка и контрола на топлинска енергија во подружницата Енергетика.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира