НА ВРАЌАЊЕ ОД АМЕРИКА, ПОПОСКИ ОТИДЕ НА ФУДБАЛ ВО ЛИХТЕНШТАЈН

    НА ВРАЌАЊЕ ОД АМЕРИКА, ПОПОСКИ ОТИДЕ НА ФУДБАЛ ВО ЛИХТЕНШТАЈН

    Вицепремиерот, министер за надворешни работи и пратеник Никола Попоски на враќање од Америка отиде да го гледа синоќешниот фудбалскиот натпревар во Вадуц меѓу домаќинот Лихтенштајн и Македонија, јавија локалните медиуми.

    Попоски, кој беше во Вашингтон на самит посветен на борбата против терористичката група Исламска држава и таму се ракуваше со државниот секретар Рекс Тилерсон, вчера се сретна со колешката од Лихтенштајн Аурелија Фрик. Го посети и Националниот музеј во Вадуц и потоа заедно со Фрик го гледаа натпреварот од квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.

    Македонија победи со 3:0 и тоа беше прва победа на тимот на Игор Ангеловски во петтиот меч во квалификациите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира