НАБАВКАТА НА МАЗУТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО ВРЕДНА 212 МИЛИОНИ ЕВРА Е СОМНИТЕЛНА, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА И ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, ВЛАДАТА, УЈП И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА

    НАБАВКАТА НА МАЗУТ ЗА ТЕЦ НЕГОТИНО ВРЕДНА 212 МИЛИОНИ ЕВРА Е СОМНИТЕЛНА, ВЕЛИ АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА И ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО, ВЛАДАТА, УЈП И ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈАДКСК се сомнева дека предвидената количина на мазут можела да биде испорачана за многу краток временски период, бидејќи требало да се набават 195 илјади тони мазут. (Фото: ТЕЦ Неготино)

    Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по сопствена иницијатива отворила предмет за јавната набавка на мазут за ТЕЦ Неготино и утврди дека постојат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на службени лица, затајување данок, како и на монополско и непријателско здружување на пазарот на мазут, со цел предизвикување пораст на неговата цена, а со тоа и растројство на пазарот на мазут и пораст на цената на електричната енергија на штета на домашното стопанство, граѓаните и јавниот интерес.

    На денешната седница на ДКСК беше кажано дека станува збор за јавна набавка вредна 212 милиони евра, склучена помеѓу ЕСМ и фирмата РКМ ДОО Скопје, со цел рестартирање на електраната за производство на електрична енергија минатата зима.

    ДКСК се сомнева дека предвидената количина на мазут можела да биде испорачана за многу краток временски период, бидејќи требало да се набават 195 илјади тони мазут.

    „Според сметководствената документација на АД ТЕЦ Неготино испорачаниот мазут од двата договори е со помала количина за околу 18.000 тони. РКМ набавил мазут во помала количина од онаа што била наведена како испорачана. РКМ прикажал помалку приход во билансите во споредба со договорите за испорака на мазут. Македонија нема акцизен склад за увоз на мазут и затоа испораката е вршена преку камионски и автоцистерни. Во договорите за испорака на мазут предвидени се минимални казнени пенали за непочитување на договорите за испорака на мазутот. Утврдени се состојби кои укажуваат на сомнежи за трговија по пат на инсајдерски информации на енергетскиот пазар“, велат од ДКСК.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира