НАБАВУВАМЕ ФРИЖИДЕРИ ЗА СИТЕ ВАКЦИНИ, ИМАМЕ УПЛАТЕНО ЗА 833.000 И АПЛИЦИРАНО ЗА УШТЕ ТОЛКУ, КАЖА ЗАЕВ

    НАБАВУВАМЕ ФРИЖИДЕРИ ЗА СИТЕ ВАКЦИНИ, ИМАМЕ УПЛАТЕНО ЗА 833.000 И АПЛИЦИРАНО ЗА УШТЕ ТОЛКУ, КАЖА ЗАЕВСогласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година, најави Заев. (Фото: Јутјуб/принтскрин)

    Покрај уплатените 833-те илјади дози за вакцинација и ревакцинација на 400 илјади граѓани преку ковакс механизмот, Македонија има аплицирано за уште 800 илјади дози преку друг механизам на ЕУ, кажа премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција за плановите за идната година. Понатаму, тој кажа дека земјава започнува преговори за директна набавка од производителите на вакцини за ковид-19. За складирање на вакцините, тој кажа дека се набавуваат фрижидери за сите типови на вакцини.

    „Имаме уплата за 833 илјади вакцини за популација од 400 илјади граѓани за вакцинација и ревакцинација во рамките на ковакс механизмот. Согласно планот за дистрибуција, вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021 година. Покрај овој механизам, започнуваме преговори и за директна набавка од компании кои ги произведуваат вакцините. Предвиден е и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка за 200 милиони дози за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони за земјите од Европа надвор од ЕУ. Ние аплициравме за дополнителни 800 илјади дози од овие 100 милиони. Се подготвуваме и набавуваме фрижидери за секој тип вакцини и за сите температури. Ова е така бидејќи ќе има повеќе достапни вакцини кои сигурно ќе ги користиме, а се складираат на различни температури“, кажа Заев.

    Тој објасни дека Бирото за јавни набавки треба да најде решение како да се набават директно вакцините, бидејќи за јавни набавки се потребни огласи и тендери, а сега ни треба брзо решение за да ги почнеме преговорите со производителите.

    „Од Бирото не очекуваме одговор ‘не може’, туку да најдат начин како тоа да се изведе“, рече Заев.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира