НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ И НА БРОЕЊЕТО НА ГЛАСОВИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТ

    НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ И НА БРОЕЊЕТО НА ГЛАСОВИТЕ НА РЕФЕРЕНДУМОТШефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР Јан Петерсен потенцираше дека тимовите само набљудуваат, не даваат коментари и нема да сугерираат пред утрешната прес-конференција закажана за 15 часот.(Фото: К. Попов)

    Стотина тимови на наблудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР го надледуваат избирачкиот процес и ќе присуствуваат и на пребројувањето на гласовите на денешниот референдум за името.

    „Имаме стотина тимови кои го следат референдумот. Распоредени се насекаде низ земјава и ќе не информираат за сè што виделе. Тимовите се излезени на терен пред отворањето на гласачките места, ќе продолжат да набљудуваат и ќе присуствуваат на пребројувањето на гласовите“, изјави амбасадорот Јан Петерсен, шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

    Амбасадорот Петерсен потенцираше дека тимовите само набљудуваат, не даваат коментари и нема да сугерираат пред утрешната прес-конференција закажана за 15 часот.

    Г. ТРПЕНОСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира