Над 20 мигранти од Авганистан се повредени откако комбето со кое што се превезувале се превртело кај Свети Николе.
Повредените се пренесуваат во Ургентен центар и во болницата „8 Септември“ и повеќето се со скршеници, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од болнички извори
На местото на несреќата се присутни припадници на полициската единица „алфи“ и на граничната полиција.
Очекуваме повеќе детали и информации од МВР.