НАД 50 КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ НА ТЕРМИНАЛОТ ТАБАНОВЦЕ

a:1:{s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    НАД 50 КАМИОНИ ЗАГЛАВЕНИ ВО СНЕГ НА ТЕРМИНАЛОТ ТАБАНОВЦЕ

    Над 50 камиони натоварени со стока трет ден поради невремето се заглавени на терминалот на граничниот премин Табановце на македонско-српската граница. Бизнисмени се жалат дека поради тоа што терминалот е затрупан со снег и не се чисти товарните возила не можат да го продолжат движењето, а стоењето во место само повеќе ги вкопува возилата во наносите од силниот ветер.

    Трпиме голема штета, но нема каде да се пожалиме бидејќи никој не ни дига телефон во Царина Скопје, ниту на терминалот во Куманово, се жали бизнисмен, кој се јави од граничниот премин (Фото: аматерска фотографија)

    Трпиме голема штета, но нема каде да се пожалиме бидејќи никој не ни дига телефон во Царина Скопје, ниту на терминалот во Куманово, се жали бизнисмен, кој се јави од граничниот премин (Фото: аматерска фотографија)

    „Од завчера попладне камионите стојат на терминалот. Никој не го чисти снегот иако се работи за државна институција. Понудивме ние да донесеме булдожер или приватно да организираме чистење, но не ни дозволија. Во камионите имаме овошје и зелeнчук и други прехрамбени производи кои ќе замрзнат и ќе се оштетат од ниските температури. Трпиме голема штета, но нема каде да се пожалиме бидејќи никој не ни дига телефон во Царина Скопје, ниту на терминалот во Куманово“, се жали бизнисмен, кој се јави од граничниот премин.

    Сопствениците чии камиони се заглавени на терминалот на Табановце бараат надлежните да испратат екипа на „Македонија пат“ да го исчисти терминалот за да ги одглават камионите и да спасат барем дел од стоката што ја превезуваат.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира