Мерита Колчи – Коџаџику, највозрасната пратеничка меѓу новоизбраните на 8 мај, ја отвори денеска конститутивната седница на новото Собрание.
Таа е од Демократското движење на Изет Меџити, од коалицијата „Вреди”.
Верификациската комисија за пратеничките мандати е формирана, претседателка е Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, која свика седница за да го разгледа извештајот од ДИК. Кога ќе ги верифицира мандатите, ќе му поднесе предлог на новиот собраниски состав, за да се самоизгласа.
Денеска ќе бидат предложени и членови на новата Собраниска комисија за избори и именувања, а потоа ќе се бира претседател на Собранието.
Кандидат е Африм Гаши, кој вчера поднесе оставка како претседател на Алтернатива за да се кандидира за претседател на Собранието. Алтернатива е дел од коалицијата „Вреди“.
С. К. ДЕЛЕВСКА