НАПАЃАЧОТ ИСПУКАЛ ДВА КУРШУМИ ВО ПРАВЕЦ НА ТОДОРОВ, ПОТВРДИ МВР

    НАПАЃАЧОТ ИСПУКАЛ ДВА КУРШУМИ ВО ПРАВЕЦ НА ТОДОРОВ, ПОТВРДИ МВРПолицијата врши увид пред Министерството за здравство, каде е пронајдена една чаура. (Фото: СДК.МК)

    Љ.С. (60) од велешкото село Долно Каласлари со пиштол испукал два куршуми кон поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, велат од МВР, повикувајќи се на изјави од очевидци. Повредени нема, а лицето е приведено.

    Вооружениот инцидент се случи денеска околу пладне пред Министерството за здраство, каде Тодоров требаше да изврши примопредавање на должноста со новиот министер за здравство Арбен Таравари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира