НАПРАВИВМЕ СЀ, МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, ИМ РЕКОА ДИМИТРОВ И ОСМАНИ НА АМБАСАДОРИТЕ НА ЕУ И НАЈАВИЈА НОВ ПЛАН „18“

    НАПРАВИВМЕ СЀ, МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ, ИМ РЕКОА ДИМИТРОВ И ОСМАНИ НА АМБАСАДОРИТЕ НА ЕУ И НАЈАВИЈА НОВ ПЛАН „18“Република Македонија демонстрираше искрен пристап и сериозност за која е потребна соодветна валоризација на јунскиот состанок на Европскиот совет преку одлука за почеток на преговори, како и покана за членство во НАТО на самитот во јули -фамилијарна фотографија од Османи и Димитров со ЕУ амбасадорите - (Фото: Влада на РМ)

    Македонија очекува одлука на ЕУ за почеток на пристапните преговори со ЕУ, им рекле вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за министерот за надворешни работи Никола Димитров на амбасадорите на земјите членки на ЕУ акредитирани во Македонија.

    Работната средба ја организирал амбасадорот на Република Бугарија, Иван Великов Петков, во контекст на пораките и заклучоците од софискиот Самит посветен на Западниот Балкан што се одржа минатата недела.

    Во соопштението од средбата стои дека вицепремиерот Османи рекол дека Република Македонија, изминатава година, во целост била посветена на евроатланската агенда, успешно имплементирајќи го планот „3-6-9“ и најавил нов „План 18“.

    „Македонија на дело ја демонстрираше својата сериозност и зрелост која очекува да резултира со одлука на Европскиот Совет во јуни за почеток на пристапните преговори, како и покана за НАТО, подоцна на Самитот во јули“, рекол Османи.

    Министерот Никола Димитров очекува силните пораки за поддршка да се стават во пракса.

    „Република Македонија демонстрираше искрен пристап и сериозност за која е потребна соодветна валоризација на јунскиот состанок на Европскиот совет преку одлука за почеток на преговори, како и покана за членство во НАТО на самитот во јули“, рекол Димитров, стои во соопштението од средбата со ЕУ амбасадорите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира