Министерството за образование и наука им препорача на директорите на основните и средните училишта работната недела по новогодишните празници да биде неработна за наставниот кадар. Од Министерството велат дека оваа препорака е дадена согласно календарот за работни денови за учебната 2017/2018 година, според кој две саботи во првото полугодие и две саботи во второто полугодие се предвидени како работни денови, и дека работните обврски за наставниците почнуваат од 9 јануари.
„Оваа препорака е дадена за да се почитува правото на вработените во училиштата на четириесетчасовно работно време во петдневна работна недела, и за да се намалат трошоците за загревање на училишните објекти“, велат од Министерството за образование и наука.