Претседателот Стево Пендаровски во првото новогодишно обраќање во Собранието рече дека веќе има прв сигнал дека политичките партии во Македонија за првпат се обединуваат околу битните прашања за државата. Тоа е, како што рече, средбата на лидерите на парламентарните партии која се одржа во неговиот кабинет без посредство на странците, веднаш по неповолниот исход на последниот европски самит за почеток на преговорите со ЕУ.
„До крајот на годината, за првпат во кабинетот на еден претседател, ќе организираме серија средби на навивачите групи во кои се активни млади со различна етничка припадност, и на кои средби, на моја покана, ќе бидат присутни и неколку учесници и сведоци од конфликтот во 2001 година, кои тогаш беа на различни страни“, рече на почетокот на обраќањето претседателот Пендаровски.
С. К. ДЕЛЕВСКА